Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните дека утре без електрична енергија ќе останат:
Во време од 09:00 до 12:00 часот корисниците од улиците Раде Јовчевски Корчагин, Охридска, Велешка, Преспанска и Антехаџимитков, што се наоѓаат во општина Центар.
Во време 10:00 до 15:30 часот исто така корисниците од дел од уллица Ботун во општина Карпош ќе останат без електрична енергија.
Прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.