Корисниците од селото Кондово, општина Сарај, утре од 9:00 до 12:00 ќе бидат без електрична енергија.
Во периодот од 12:00 до 15:00 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од село Кучково, кај викендиците, општина Ѓорче Петров.
Без струја утре од 08:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Партизански пат“ и „Речиште“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, корисниците ќе бидат без снабдување со струја поради планирани технички зафати во електросистемот во Град Скопје.