Добриот секс е прашање на спонтаност, опуштеност и отвореност за испробување на различни работи, но неколку места на женското тело мажите треба да ги избегнуваат. Затоа мажи, избегнете ги овие места и се ќе биде во ред.
Грлото на матката
Ако го допрете грлото на матката за време на сексот, ќе забележите дека нешто не е во ред. Не заборавајте дека овој тесен канал ја поврзува вагината со матката, каде што расте бебето. Така што тоа не е место каде што сакате да отидете, па немојте ниту да се обидете да тропнете на оваа врата. За оние кои не знаат, многу е болно за девојката кога нешто ќе ја удри по матката, а болката за време на сексот може да биде знак да се промени позата со послаба пенетрација. Но болката и незгодното чувство за време на односот, може да значи дека не е доволно топла и влажна. Кога е возбудена, нејзината вагина е малку подлабока, отколку кога не е. Затоа не ја прескокнувајте предиграта и не го допирајте грлото на матката.
Главата на клиторисот
Можеби ќе ви се чини контраинтуитивно, но клиторисот кој е преполн со супер чувствителни нервни завршетоци, може понекогаш да биде премногу напнат, ако се стимулира директно. Размислете како би се чувствувале ако испиете ледено ладна вода и забите целосно ќе ви оттрнат, не е пријатно, зарем не? Наместо да ја допирате главата на клиторисот, обидете се со кружни движења околу него, што секако ќе ги стимулира нервните завршетоци и ќе и пружи неверојатно уживање. Не значи дека никогаш не треба да ја допрете на тоа чувствително место, но претходно проверете дали партнерката има премногу чувствителен клиторис.
Стапала
Особено ако носи спортски чорапи. Истражување на Универзитетот Џон Хопкинс покажало дека носењето чорапи за време на сексот може потенцијално да ги зголеми шансите за оргазам и на мажот и на жената. Можната причина за тоа е што жените мораат да бидат целосно опуштени и ослободени од анксиозноста, за да доживеат оргазам, а ладните стапала можат да ги спречат во тоа. Иако препорачливо е да се соблечат чорапите, во овој случај не треба.
Нејзиниот анус
Аналниот пат може да предизвика многу опасности, но дури и ако партнерката е целосно возбудена и подготвена за акција, не треба ниту да се доближите околу областа на анусот без лубрикант. Аналниот отвор е толку мал, што дури и допир со прст може да допринесе непријатност. Според истражувањата на сексуалната медицина, жените се подобро го опишале задоволството кога се употребува лубрикант.