Делта сојот на коронавирусот би можел да нанесе сериозна штета на стопанството и економијата порди повторниот раст на бројот новозаразените, предупреди институтот за економски истражувања Ifo.
„Делта сојот претставува сериозна опасност за германската економија“, изјавил Клемент Фуест, шеф на инстотутот Ifo во интервјуто за информативниот поратал T-online, објавено во неделата.
Сѐ нема да биде загубено доолку бројот на заразените повторно порасне поради новиот сој на коронавирусот, но економското закрепнување ќе биде одложено, особено во секторите кои пандемијата веќе им нанесе голема штета, како што се патувањата, рестораните и малопродажбата.
„Во тој случај би нѐ очекувала тешка есен“, предупредува Фуст.
Уделот на заразените со делта сојот во Германија е речиси удвоен во првата седмица во јуни, на вкупно 6 отсто, според податоците на референтниот епидемиолошки Институт „Роберт Кох“ за контрола на заразните болести.
Во Велика Британија оовој сој доминира, и покрај побрзата кампања за вакцинирањето отколку во Германија, и владата одлучи да ги одложи ублажувањето на епидемиолошките мерки.
Шефот на споменатиот германски економски институт, предупредува дека кризата сѐ уште не е завршена.
Економистите на Ifo неодамна ги намалија процените на растото на германската економија во оваа година на 3,3 отсто, упатувајќи на проблемите со синџирите за набавка на чипови кои потекнуваат од Кина, што е важно за германската автомобилска индустрија. Бо институтот, исто така, проценуваат дека економијата би можело да го достигнат предпандемиското нови на почетокот од следната година.