Делта сојот на коронавирусот присутен кај 60 отсто од новозаразените во затворениот Лисабон

Во португалската престолнина Лисабон во текот на викендот на сила се епидемиолошките мерки за целосно „затворање“, повеќе од 60 отсто од новите зарази со коронавирусот се предизвикани од делта варијантата на патогенот на болеста Covid-19, покажаа резултатите од истражувањето кое во неделата го објавија тиражниот дневен весник Publico и другите медиуми во земјата.

Неодамнешниот скок на коронаинфекциите се случува еден месец откако Португалија, чиишто приходи силно зависат од туризмот, ги отвори своите граници за гости од Европската унија и од Велика Британија.

По податоците од истражувањето коешто го спровел Националниот институт за здравје (INSA), Лисабон е затворен на два ипол дена, бидејќи тамошните власти се загрижени поради скокот на бројот на новозаразените делта сојот на коронавирусот.

Поради тоа 2,8 милиони жители на португалската престолнина можат да ги напуштат своите домови само доколку имаат добро обравдани причини. Влегувањето во Лисабон е дозволен исклучително во посебни околности. Правилата стапија на сила во петокот и ќе траат до понеделникот.

Според медиумите, можно е владата слична блокада да примени во текот на викендот од 25-ти до 28-ми јуни, иако секоја таква одлука ќе биде донесена навјеројатно во последен момент.

Португалските власти сѐ повеќе се загрижени поради ширењето на делта варијантата на коронавирусот, којашто се смета за заслужна за неодамнешниот раст на бојот на коронаинфекциите во земјата.

Саботата беше четвртиот ден со ред во кој Португалија имаше повеќе од 1.000 новозаразени во едно деноноќие, што е нивото од февраури годинава, кога земјата беше во целосен „локдаун“. Иако послените денови благо е зголемен бројот на хоспитализациите, нема раст на бројот на починаите, бидејќи ранливите групи веќе се вакцинирани.

Околу 2,5 милиони од 10-те милиони Португалци ги примиле двете дози од вакцините протир Covid-19.