Делта варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2 која ја предизвикува коронавирусната болест Covid-19 сега е доминантната во светот и ја следи раст на смртните исходи во САД речиси во целост невакцинирани лица, соопштија во петокот американските фунцкионери.
Во Соединетите држави слуачаите на Covid-19 е во пораст од 70 отсто во однос на претходната седмица, а смртноста е за 26 отсто поголема во деловите од земјата со ниска стапка на вакцинираност, изјави директорката на Центарот за контроча и превенција на болестите (CDC), Рошел Валенски на брифингот за новинарите.
Седумдневниот просечен број на новозаразените сега е повисок од 26.000, односно повеќе од двојно од најниските податоци за околу 11.000 случаи колку што беа регистрирани во јуни, според податоците на CDC.
„Ова стана пандемија на невакцинираните“, изјави Валенски и додаде дека 97 од хоспитализираните во САД биле невакцинирани.
Валенски рече и дека во поголемиот број окрузи во Соединетите држави владее зголемена опасност од пренесување на Covid-19, што претставува, според неа, битен пресврт по падот на преносот на вирусот последните месеци.
Речиси секој петти нов случај на зараза со Covid-19 се случува во сојузната држава Флорида, наведе координаторот на Белта куќа за пандемијата, Џеф Зиентс.
Делта варијантата, којашто се смета за значително позаразна од оригиналната варијанта на коронавирусот, е регистрирана во коколу 100 земји и сега е доминантна во светот, рече галвниот американски стручњак за заразни болести, Ентoни Фаучи.