АД ЕСМ прати демант во врска со веста за експлозијата во ХЕЦ Вруток која ја објавивме. Демантот ви го пренесуваме интегрално:
„АД ЕСМ остро ги демантира написите во дел од медиумите за наводна експлозија во ХЕЦ Вруток. Станува збор за краток (петнаесетминутен прекин) во работата на хидроцентралата заради осигурувач на вод кон гостиварските села.
Хидроелектраната и целиот Хидросистем Маврово продолжуваат да работат најнормално. Вакви и слични појави во работата на инсталациите се случуваат многу често и не се никаква непознаница. Заради тоа, ги оценуваме како тенденциозни написите за експлозија во ХЕЦ Вруток објавени во медиумите, без претходно да се провери информацијата, повикувајќи се на неименувани извори. Објавувањето на непроверени и лажни информации го доживуваме како атак врз компанијата кој не е полза ниту на АД ЕСМ, ниту на јавноста“.