Демант на КХС: Редовно го собираме ѓубрето во Аеродром, градоначалникот да ги казнува несовесните граѓани

По денешената изјава на градоначлникот на општина Аеродром Дејан Митески дека ЈП Комунална хигиена-Скопјe  намерно или ненамерно го запоставува одржувањето на хигиената на општината, претпријатието строго се спротиставува на изјави кои го критикуваат работењето на претпријатието.

Во демантот на ЈП Комунална хигиена-Скопје се вели дека во сите општини на Град Скопје вклучително и општина Аеродром комуналниот отпад го собира од контејнерите  и го транспортира без никаков застој  во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад  усвоена од страна на Советот на Град Скопје. Претпријатието спроведуваше и сеуште спроведува  вонредни активности за  собирање на неправилно одложениот кабаст отпад.Веќе подолго време укажуваме дека кабастиот отпад: каучи,фрижидери,фотелји,телевизори,даски  и друг отпад соодветен на истиот не се одложува до и околу контејнерите. Секој граѓанин коишто има ваков отпад е должен правилно да го одложи истиот. Тоа значи дека може  да ги повика службите на ЈП Комунална хигиена-Скопје преку дежурниот телефон којшто е истакнат на нашата веб страна или да ги однесе во центарот за селекција на отпад и да го одложи бесплатно.

Уште еднаш апелираме до граѓаните одложувањето на комуналниот отпад да се врши соодветно – во контејнерите, а не до и околу нив со што ќе влијаеме на заштита на животната средина и ќе се избегне создавање на сметишта и диви депонии до контејнерите.

Го повикуваме градоначалникот на општина Аеродром да ги активира на терен инспекциските служби при општината коишто се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота. Ваквите проблеми треба да се решаваат  едукативно, но и со примена на казни за несовесните граѓани коишто како последица на нивната несовесност се соочуваме со проблеми кои влијаат на здравјето на сите граѓани.