Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, најостро ги демантира информациите изнесени на порталот Нетрпес во текстот насловен „ Она кога ќе ја утнеш честитката: Љупчо Николовски му честиташе на Трамп!“.
Информациите изнесени на порталот, а поврзани со објава на социјалната мрежа твитер по повод претседателските избори во САД, потекнуваат од неколку лажни профили кои го злоупотребиле името и функцијата на вицепремиерот Љупчо Николовски. За овие лажни профили веќе е испратен допис за постапување до секторот за компјутерски криминал на Министерството за внатрешни работи.
Очекуваме демантот да биде интегрално објавен на вашата веб страна.
Во прилог ви доставуваме линкови од официјалните и релевантни објави по повод претседателските избори во САД, на фан страните на вицепремиерот Љупчо Николовски.
Честитки за новиот претседател на САД, Џо Бајден и за првата жена потпретседателка, Камала Харис! САД се нашите најголеми сојузници и убеден сум дека одличните односи кои ги имаме дополнително ќе ги продлабочиме! pic.twitter.com/fSfIUkyLLS
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) November 7, 2020