Деманти во низа и најави за тужби кон Стевчо Јакимовски

Во подкастот „Тешки мубаети“ на Ифомакс.мк градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски излезе со низа обвинувања кон Христијан Мицкоски, кој навдоно му упатувал закани, а вмеша и повеќе советници на ВМРО-ДПМНЕ. Истите тие советници го демантираат Јакимосвки и најавуваа тужби.

Прво се огласи Живко Белчев.

„Со длабоко жалење за нивото на комуникација можам да констатирам дека претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски со цел да привлече медиумско внимание се служи со креирани невистинити приказни во кои со жалење можам да констатирам дека го злоупотребува моето име, посочува Живко Белчев.

По овој демант следуваат и други,  исто така објавени на Фесјбук.

„Народот вика “уценет човек жив ѓавол”, така некако изгледа и реакцијата на Стевчо Јакимовски и неговите континуирани лаги врз мене, за наводен рекет, притисоци, уцени и закани. Демек некој ќе поверува дека Стевчо Јакимовски “под уцена и присила” ги изгради сите оние згради низ Карпош и уште десетина нови кои ги планира. Не сакам да ги коментирам и оние лични навреди, фрустрирани реакции на Јакимовски и неговата дружина против мене, што само ја покажува состојбата во која тие се наоѓаат и интересите кои седат позади тоа.

Одговорно тврдам дека немам никаква врска со бизнис градежните планови на Јакимовски, ниту пак сум учествувал во било што. За таквите лаги и клевети барам јавно извинување во  рок од 24 часа или пак спротивно истото ќе мора да го докаже Јакимовски пред суд“, вели Илија Тозија.

Додека советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Илинден, Горан Гочевски се оградува дека имало какви било муабети.

„Почитувани, во понеделникот бев присутен на обука организирана од УСАИД заедно со повеќе колеги советници од повеќе општини. Таму се видов и со колегата Живко Белчев од Гази Баба со кој имамвме само едно куртоазно поздравување. Сакам да потенцирам дека со него на тој настан воопшто не сум разговарал наполитички теми и не се спомнати ниту Христијан Мицкоски ниту пак Стевче Јакимовски. Ова го пишувам само да се оградам од злоупотреба на моето име во разни политички пресметки“, истакнува Гочевски.