Компанијата „БСГР“ малцински акционер на „Кунико Ресурсис“ групацијата во чија сопственост е „Фени покрена кривична постапка против поранешниот раководител на фабриката за феролегури.
Пријавата е поркената врз основа на сомненија за кривични дела, злоупотреба на службена дејност и и други бројни дејствија со кои се оштетени не само малцинските акционери туку и други субјекти.
Од правните застапници на БСГР денеска беше соопштено дека се покренува постапка против сопственикот на „НОВА Логистика“, Надица Атанасова-Кабранова, за злосторничко здружување, за вршење на бројни нелегални трансакции и активности меѓу „ФЕНИ Индустри“ и „НОВА Логистика“, преку кое е вршено перење пари. При тоа „НОВА Логистика“, иако била фирма ќерка на „ФЕНИ Индустри“, на незаконски начин преминала во сопственост на Надица Атанасова-Кабранова.
На ова реагираше Атанасова-Кабранова, која ги демантира овие обвинувања.
Во продолжение нејзиниот демант:
Со реакција на објавите за кривичнот прогон за раководството на „Фени“, се јави и Амир Абед, кој беше споменат во информацијата на правниот застапник на БСГР, за кого се наведува дека постои основи на сомневање за помагање, заговарање и овозможување на криминални дејствија.
Во продолжение неговиот демант: