Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли во вторникот шпекулациите поттикнати од неговите политички ривали, според кои во ноември минатата година претрпел благ мозочен удар и бил хоспитализиран.
Ненадејната посета на седумдесет и четиригодишниот претседател на воената болница „Волтер Рид“ е предмет на шпекулации за неговата здравствена состојба, коишто ги демантираше лекарот на Белата куќа.
Во книгата објавена во вторникот, новинар на весникот The New York Times наведува дека во текот на споменатата посета на болницата потпретседателот Мајк Пенс, кој според американскиот устав го заменува претседателот при негова спреченост да ја извршува функцијата, „бил подготвен“ доколку било наводно потребно анестезирање на Доналд Трамп.
Овие пишувања предизвикаа шпекулирања на социјалните мрежи за наводен мозочен удар, но во книгата тие не се поткрепени.
„Во книгата не се споменуваат мини мозочни удари“, изјави новинарот Мајкл Шмид, авторот на книгата „Donald Trump v. The United States: Inside the Struggle to Stop a President“
Трамп во твитови реагираше и истакна дека повтроно е цел на лажни вести.
„Никогаш не престануваат! Сега се обидуваат да кажат дека вашиот омилен претседател бил во болницата ‘Волтер Рид’ оради низа помали мозочни удари. Можеби мислат на еден друг кандидат, од друга партија“, напиша Трамп, алудирајќи на својот противкандида, 77-годишниот Џо Бајден.
„Можам да потврдам дека претседателот Трамп не претрпел мозочен удар, минлив исхемиски напад (благ мозочен удар), ниту актуна кардиоваскуларна состојба“, изјави лекарот на американскиот претседател Шон Конлу, кој оцен дека претседателот е „во форма“ и очекува дека ќе „биде способен и натаму да ги извршува претседателските обврски“.
Во јануари годинава Белата куќа објавди дека Доналд Трамп „извонредно добро“ го минал ненадејниот конгнитивен тест кој ги проверува раните знаци за губење на помнењето и другите невролошки функции. Воениот лекар Рони Џексон во изјавата за медиуите истакна тогаш дека претседателот добил одлични оцени на споменатиот когнитивен тест кој инаку не се врши рутински во рамките на систематскиот преглед на кој бил подложен американскиот челник една седмица претходно, но дека претседателот инсистирал тој да биде направен.
Џексон го направил првиот систематски преглед на американскиот претседател неколку дена претходно и Белата куќа порано соопшти дека е утврдено дека Трамп е во одлична здравствена кондиција и интелектуална способност, додека деталите за разултатите од прегледот беа најавени за оваа седмица.