5.8 C
Skopje
понеделник, јануари 27, 2025

Деми Ловато: Откога почнав да јадам по диетата, ми пораснаа градите!

Пејачката Деми Ловато сподели објава во која откри дека конечно ги добила облините какви што отсекогаш ги посакувала, сега откако се опорави од нарушувањето во исхраната од кое страдаше со години.

“Никогаш немав гради додека не почнав да јадам што сакам. Цел живот ги мразев малите гради, а кога конечно се соочив со своите проблеми со храната и ги добив саканите облини”, рече пејачката.

Таа додаде дека на фотографијата не носи пуш ап градник и вели дека градите на фотографијата се нејзини.

https://www.instagram.com/p/CGI2_Gvhtcj/?utm_source=ig_embed

„Нека биде ова лекција … нашите тела ќе сторат што треба да направат само кога ќе им дозволиме и ќе престанеме да ги контролираме“, напишала Ловато и ги прашала своите придружници дали и тие се борат со нарушувања во исхраната.

Деми почна искрено да зборува по повод нејзината борба со нарушување во исхраната на почетокот на годината на подкастот на моделот Ешли Греам.

„Не сакам повеќе да трчам до исцрпеност и да се уништувам со тренинзи и екстремни диети“, призна пејачката на почетокот на годината.