Демир Далип: Египќаните беа дискриминирани и маргинализирани од власта на СДС, очекуваме институционална интеграција од владата предводена од Христијан Мицкоски 

Припадниците на етничката заедница Египќани во Македонија, како посебна, автохтона и автентична етничка заедница, беше дискриминирана и тотално маргинализирана од страна на Владата предводена од сега опозициската СДС, вели Демир Далип лидерот на заедницата.

„Коирисно за потсетување е  да се нотира фактот, дека за време на нивното 7 годишно владеење ниту 1 припадник на етничката заедница Египќани  не беше вработен во државната или јавна администрација, Охридскиот Рамковен Договор како да не важеше за Египчаните, па во таа насока истиот не помогна за да се вработат Египканите во институциите на системот, а истите се даночни обврзници, како и сите останати граѓани на Македонија.

Да не зборуваме за повисоки фунционерски места како Директори, Раководители ,Министри, Зам.Министри итн.Буквално, беа игнорирани и поставени на самите маргини на општеството.

Ниту, Пописот во 2021 не кореспондираше со точната бројка на Египкани, а во таа насока НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ,, веднаш реагираше по објавување на пописните резултати и истите ги оспори.

НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ,, остана верен и стратешки партнер на владеачката ВМРО ДПМНЕ И лидерот и сегашен Премиер, Проф.Д-р Христијан Мицкоски. Поради таа лохалност, водачите на НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЧАНИ,, беа прогонувани и малтетирани од страна на одредени фунционери на СДС,за што беа известени највлијателните Амбасади во Македонија, и побарана нивна поддршка.

На парламентарните и претседателски Избори, НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“,, меѓу првитеповика на поддршка на листите запратеници на ВМРО ДПМНЕ, како и поддршка на кандидатот за Претседател од ВМРО ДПМНЕ, Проф.Д-р Гордана Сиљаноска Давкова.Огромно мнозинство на Египчани го дадоа гласот за ВМРО ДПМНЕ И коалицијата ,,Твоја Македонија,, и во таа насока очекуваме Владата Предводена од Премиерот Проф.Д-р Христијан Мицкоски, да ја рехабилитира и интегрира ова етничка заедница, истакна лидерот на НГИ ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, пишиува во обраќањето Далип.