Демир Далип: Градоначалникот Пецаков со храбри одлуки инстиуционално ги интегрира Египќаните во Охрид

Лидерот на НГИ „Коалиција на Египќаните“ Демир Далип во своето обраќање вели дека актулениот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, донел храбри одлуки со кои инстиуционално ги интегрирал Египќаните во еден мултиетнички, мултиконфесионален и мултилингвистички град, како што е Охрид.

„Во период од 2 години, колку што е на функцијата градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, град каде што припадниците на етничката заедница Египќани се и официјално втора по бројност, изразуваме подршка и благодарност до градоначалникот Д-р Кирил Пецаков, бидејки истиот донесе храбри и демократски основани одлуки, со тоа што институционално ги интегрира Египќаните во еден мултиетнички, мултиконфесионален и мултилингвистички град како што е Охрид, а со самото тоа во голема мера успева да го одржи во живот охридското хетерогено општество.

Д-р Кирил Пецаков како градоначалник на Охрид во овие две години инвестираше токму во маргинализираните места, училишта, улици во Охрид, каде порано никој не се ни потруди да инвестира. Дозволете ми, да издвојам еден пример од многуте, каде што градоначалникот Пецков инвестираше , а тоа е мултиетничкото Основно училиште „Братсво-единство“ – Охрид. Таму денес има најсовремени услови за учење и развој на децата кои се од различни етникуми, а каде доминантни се Египќаните, па потоа Македонците, Албанците, Турците…Има и многу улици каде што живеат маргилизираните Еипќани, кои не биле асфалтирани, а денес се асфалтирани благодарение на  космополитските и интегрирачки политики кои ги поседува д-р Пецаков. Добробит за охридскиот туризам се и многубројните средби на д-р Пецаков со највлијателните амбасадори во насока на промоција на Охрид и туристичкиот потенцијал со кој што располага за привлекување на странски туристисти, партиципација на Египканите во управни и надзорни органи, развивање на хуманизмот и негово промовирање како  вредност итн….Едноставно, Охрид немал градоначалник од ваков калибара како што е Кирил Пецаков. Тој го елиминира и феноменот на „политички реваншизам“. Има многу позитивни елементи за нотирање од работата на д-р Пецаков. Токму поради се горенаведено ја има целосната  наша подршка“, истакна лидерот на НГИ „Коалиција на Египќаните“ Демир Далип.