Македонскиот младински репрезентативец Бенјамин Демир со сериозна почит е дочекан во редовите на неговиот нов клуб, босанскиот Олимпик Сараево.
Босанците, како што велат, од него очекуваат сериозно освежување во средниот ред и нападот за клубот, а Демир, пак, верува дека ова ќе биде за него сериозен чекор напред во желбата за промоција на интернационалната сцена.
19-годишниот Демир се одлучи да ја прифати понудата од Олимпик Сараево, со намера да игра во квалитетна лига и со сериозна минутажа, далеку поголема од онаа која би ја добил во Хајдук.
“Прифатив еден нов предизвик за мене. Олимпик Сараево е сериозен чекор напред кон развојот на мојата кариера. Верувам дека може да му помогнам на тимот кој со сериозни амбиции ја очекува новата сезона” – вели Демир, кој претходно во минатото покрај за хрватските Хајдук и Интер Запрешиќ, има настапувано и за Тетекс, а потекнува од фудбалската школа на Вардар.
Во Олимпик Сараево, Бенјамин Демир му се приклучува на уште еден Македонец кој со успех ги брани боите на клубот, Филип Глигоров.
Извор: Екипа.мк