![demirovsski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/demirovsski.jpg?resize=638%2C350&ssl=1)
Ретрокаузалните ефекти на Заев фрлаат голема сенка врз идните одлуки кои “ќе” имаат влијание на минатото. Исто како на субмолекуларно ниво Заев обидува да го пишува минатото од иднината.
Потполно остапувајќи од применетата класична политика во која идентитетот и државниот интерес е пред се, ослонуваќи се само на својата докажана и потврдена лична криминална психобиологија на своето досегашно делување и неколкумината хиени до него. НПР во повеќе наврати во минатото предупредуваше за многу одлуки кои Заев би можел да ги донесе на штета на Ромите и на интересите на Р. Македонија.
Тие одлуки за жал денес се болна реалност, таквите одлуки го вратија напредокот на нашата заедница на стартната позиција на својот почеток. НПР за кратко време ќе ги катапултира правата и интересите на заедницата во нивото на еднаквост и праведност. Затоа НПР и јас како нејзин претседател и пред се како обичен граѓанин неможам и нема слепо да гледам како еден криминалец, дојден од нива, ја распродадува мојата мила татковина.
НПР го осудува овој криминалец и сите негови хиени и бара веднаш оставка на целата оваа ненародна и неспособна влада како и кривична одговорност за нејзините членови за државно предавство. НПР ќе соработува со секој политички субјект кој има исти или слични гледишта како нашите.