Демохристијаните нa Меркел: Рано е за преговори со Македонија

Партиите на германската владејачка Ујнија на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел и нејзината сестринса баварска Христијанско-социјална унија (CSU), се против брз почеток на преговори со Македонија и Албанија за приклучување кон Европската унија, а одлука веројатно ќе биде донесена во октомври, рече во средата Гунтер Крихбаум од CDU, објави Дојче веле на македонски јазик

„Додека се донесе одлука ќе дојде октомври“, вели претседателот на Комисијата за европска политика на Бундестагот, Гунтер Крихбаум од Христијанско-демократската унија. Тој за агенцијата DPA оценува дека „сигурно нема да има ништо“ од позитивно изјаснување на 28-те земји членки на Унијата веќе на средината од јуни.

Сојузниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот од коалицскиот партнер во власта, Социјалдеморкатска партија на Германија (SPD), пак, притиска за брз почеток на преговорите. „

Сега ЕУ треба да испорача“, пишува Рот во текстот објавен во дневниот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung. „Треба да го одржиме ветувањето“, пишува Рот, кој оценува дека Македонија и Албанија направиле „чувствителен напредок“.