Хаким Џефрис е избран во средата за водач на пратениците на Демократската партија во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, со што стана првиот афроамериканец на толку висока позиција во Конгресот.
Педесет идвегодишниот њујорчанец, Џефрис, ќе ја преземе функцијата на 3-ти јануари, кога ќе почне со работат 118-то состав на Конгресот.
Решението на демократите, исто така, преставува подем на помладата генерација партиски челници во Претставничкиот дом и крај на ерата на 82-годишната Ненси Пелоси којашто во 2007 година стана првата жена на чело на долниот дом на американскиот Конгрес.
Во моментов на трите најважни позиции во Претставничкиот дом се претседателката Ненси Пелоси на 82 години, водачот на демократите 83-годишниот Стени Хохер, додеа на третата најважна позиција е 82-годишниот Џејмс Клибарн. Со години тие беа под притисок да ги отстапат местата на помладата генерација
„Подемот на Хаким Џефрис на челното место на демократите во Претставничкиот дом е пресвртница во историјата на САД“, изјави непосредно пред објавувањето на резултатот од изјаснувањето водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, а и двајцата се од Бруклин.
Кога официјално ја објави својата кандидатура за оваа функција на 18-ти ноември, по десет години минати во Претставничкиот дом Џефрис вети дека на помладите пратеници ќе би даде повеќе простор во обликувањето на законите.
„Можноста за смислено креирање на политиките и јавниот ангажман би требало да бидат праведно распоредени без оглед на годините служба“, напиша тогаш Џефрис во писмото до колегите од пратеничката група на демократите.
По меѓуизборите на почетокот на ноември демократите ја загубија контролата над Претставничкиот дом, но републиканците немаат толку изразено мнозинство како што се очекуваше.
Републиканците и нивниот водач Кевин Меккарти, кој веројатно ќе стане претседател на Претставничкиот дом, веќе ги предупредија демократите дека ќе иницираат истраги против функционери во администрацијата на претседателот Џо Бајден, па и за него и неговата вмешаност во коруптивните манипулации на неговиот син Хантер Бајден, од кои некои се поврзани и со Украина.
Исто така, републиканците објавија дека сакаат кастрења во потрошувачката по годините откако малку или воопшто не се внимаваше на растечките буџетски дефицити и државниот долг кој во моментов надминува 31,3 триолиони долари.