Демократската партија побара ЦИК да ја почитува уредбата на Мета за 13 октомври

Најголемата албанска политичка сила, Демократската партија(ПД), во соопштение за јавноста наведува дека единствен акт кој е во сила, според Уставот, а во врска со локалните избори, е уредбата на претседателот Илир Мета.

Партијата потенцира дека обврска на ЦИК и другите државни институции е да ги направат сите потребни подготовки за овие избори,што според уредбата треба да се одржат на 13 октомври.

-Единствениот уставен акт поврзан со изборите е уредбата на Претседателот за одржување на изборите на 13 октомври. Тоа е неизбежна и неоспорна обврска на ЦИК и другите државни институции да ја подготват инфраструктурата за овие избори. Во спротивно членовите на комисијата ќе сносат кривична одговорност, смета ПД.

Посочува дека непочитувањето на уредбата ќе значи дека ЦИК е во служба на нелегалната власт на Еди Рама и јасна потврда дека „Рама на незаконски начин ги конролира и ЦИК и другите институции“.

ДП предупредува дека „слугите и камказите на ЦИК наскоро ќе бидат кривично одговорни за криминалните акти со кои се крши Уставот и законите на земјата“.

Денес, кога е крајниот рок ,врз уредбата на Мета,политичките партии да се регистрираат за локалните избори за 13 октомври, до ЦИК барање да бидат регисгрирани за изборите доставија Социјалистичкото движење за интеграција на Моника Круемади, Републиканската партија на Фатмир Медиу и Аграрната партија на Агрон Дука,што се дел од обеднетата албанска опозиција.

Демократите кои ја предводат обединетата опозиција засега немаат доставено барање. Лидерот Баша,при посетата Круја,претпладнево изјави дека изборите не се прашање на бројки, туку на стандарди.