Демократски сојуз: Да нема летување за пратениците и министрите, државата да се консолидира

Партијата Демократскиот сојуз (ДС) предлага пратениците и министрите во текот на јули и август наместо на одмор да работат, со цел овој период да се искористи за подготовка и носење закони за непречена работа на компаниите, подготовки за враќање на учениците и студентите на училиштата и факултетите и спроведување на реформи неопходни за имплементација на стандардите на Европската унија.

„Демократскиот сојуз смета дека летниот период треба да се искористи и за изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал и високата корупција, борба против урбаната мафија и мафијата која и натаму остварува високи профити со продажба на канцерогени нафтени деривати, како и депонирање на опасен отпад’, се истакнува во соопштението на партијата/.

Впо ДС оценуваат и дека мора да продолжат реформите во судскиот систем, како и донесување на посебна програма за департизација на службите за безбедност и администрацијата.

Партијата се залага и летниот период да биде искористен за подготовка на платформа за на поефикасен начин општестото да се справи со пандемијатана коронавирусот, да се спроведе имунизација на населението и реорганизира здравствениот систем во насока на негова подготвеност за дејствување во услови на кризна состојба.

„Поради пандемијата многу реформи доцнат,поради што сметаме дека само со дополнителни напори и работа можеме да опстоиме на патот кон Европската унија и да  создадеме  подобри услови за работа и подобар живот за сите граѓани“, заклучуваат од партијата Демократски сојуз.