Демократскиот сојуз на локалните избори ќе оди со СДСМ

Претседателството на Демократскиот сојуз, на седницата одржана во вторникот септември, додлучило  на претстојните локални избори да настапи заедно со СДСМ.

Од Демократскиот сојуз велат дека подолго време се подготвувале за учество на изборите при што врз основа на темелни анализи, сондажа на јавното мислење и изборните правила, како и програмските определби, одлучиле да ја продолжи соработката со СДСМ.

„Еден од главните мотиви е заштитата на националните и стратешките интереси на централно и локално ниво, како и имплементација на европските вредности. Цврсто сме убедени дека приоритетите на ДС за развој на општините ќе бидат дел од заедничката изборна програма и ќе бидат реализирани од новите градоначалници и совети на општините и градот Скопје.

Борбата против урбаната мафија и загадувачите на воздух, воведување ред во работата на угостителските објекти и гласната музика, донесување на детални урбанистички планови, формирање урбана полиција, средување на сообраќајниот хаос, изградба на катни гаражи итн., се само дел од приоритетите.

Демократскиот сојуз е за отворање перспективи за младите, за европска Македонија и силно се спротивставува на тие што со деструкција и екстремизам се обидуват да печалат политички поени. 

Демократскиот сојуз е за фер и демократски избори, но и за коренити промени на изборните правила“, се наведува во соопштението.