Американските демократски предизбори во понеделникот во сојузната држава Ајова започнаа проблематично, со одложување на објавувањето на резултатите, бидејќи партијата ги проверува „недоследностите“ во добиените податоци од избирачките места.
Избирачите излегоа на повеќе од 1.600 локации ширум Ајова, првата сојузна држава во којашто ќе се избира кандидатот на Демократската партија кој ќе му се спротистави на републиканскиот претседател Доналд Трамп на изборите на 3-ти ноември.
Демократите од Ајова објавија дека го „проверуваат квалитетот“ на резулатите, како и дека пронашле „недоследности“ при добивањето на податоците од избирачките места.
Портпаролката на партијата во оваа сојузната дражава, Менди Мекклур, соопшти дека проблемот настанал во пренесувањето на податоците, како и дека не станува збор за технички проблем или хакирање. Дел од аналитичарите тврдат дека објавувањето на конечните резултатите би можело да се одложи за неколку дена.
Шефот на кампањата на Доналд Трамп, Бред Парскејл, ја искористи оваа ситуација за да ги нападне жестоките противници на актуелниот републикански претседател.
„Катастрофа на Демократската партија. Не можат да организираа ниту гласање, а сакаат да ја водат владата. Не благодарам“, напиша на својот Twitter профил.
Гласачите во Ајова излегоа на избирачките места за да одлучат меѓу 11 демократските кандидати, предвидените фаворити Бени Сандерс, Џон Бајден, Елизабет Ворен и Пит Бутиџич.
На некои локации според медиумите се забележани големи турканици, а избирачките места се во процес на гласањето, специфични за Ајова, започнаа во 19 часот по локално време, односно во 2 часот утрото по македонско време.
Претежно белечка, рураланата држава Ајова е првиот испит во борбата на демократите за новинацијата за ноемвриските избори. По повед од една година кампања и потрошените 800 милиони долари, резултатите во Ајова ќе пружи дел од одговорот на партијата која се обидува да го одреди патот по кој во ноември сака да го победи Трамп.
Граѓаните во понеделникот се собра на собирите (анг. caucus) одржани во црквите, училиштата, книжарниците, дури и во приватните куќи, а својата преференција ја искажуваа со групирање и просториите во „аглите“ кои му припаѓаат на нивниот фаворит. Обично се организираат два круга од гласањето. По првиот круг остануваат во игра само кандидатите кои се собрале доволно приврзаниците, вообичаено 15 отсто.
Приврзаниците на другите кандидати, може во вториот круг да им се придружи на оние кои сѐ уште се во трка, може да убедат доволно приврзаници на елиминираните кандидати да им се придружат за нивниот кандидат да се „врати во живот“ или може да се воздражат од гласање.
Ајова има три милиона жители и дава 42 делегати за демократската конвенција, што е околу еден отсто, која на крајот го избира кандидатот за претседателот, но е важна бидејќи го одредува залетот за натпреварувањето во другите сојузни држави. Следаат гласањета во Њу Хемпшир, Невада и Јужна Каролина, подоцна во февруари.
Кој и да остане во трката до таканаречениот „супервторник“ на 3-ти март, кога ќе гласаат 15 сојузни држава, ќе се соочат и со милијардерот и поранешен њујоршки градоначалник Мајкл Блумберг кој одлучи да ги прескокне првите сојузни држави, за да се концентрира на оние кои даваат повеќе делегати.
Бен Сандерс, кој и покрај големите опструкции во врвот на Демократската партија за малку ќе ја победеше Хилари Клинтон на предизборите во 2016 година, го мина Џо Бајден во анкетите во Ајова пред гласањето. Ворен и Бутиџич заостануваат зад оваа двојка, но голем дел избирачи во Ајова е неодлучен околу тоа кој за кого ќе гласа.
Демократските функционери во Ајова очекува рекордна излезност, поголема од 240.000 гласачи кои излегоа на собирите во 2008 година во текот на еуфоријата поради кандидатурата на Барак Обама.