Демонстрации пред зградата на претседателството на БиХ во Сараево

Околу 100 лица се собрале пред зградата на претседателството, колективен висок орган на извршната власт на Босна и Херцеговина во Сараево, објавија „ИТАР-ТАСС“.

Полицијата упатила предупредување кон демонстрантите дека нема да им биде дозволено да го попречуваат движењето на транспортот по улицата.

Главното барање на демонстрантите е оставката на премиерот Нермин Никшиќ и федералните власти .

За втората половина на денот се планирани митинзи и во голем број други градови на земјата.