Неколку стотици демонстранти, кои се собраа против инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон, облечени во црна облека, кршат стакла на продавници и автомобили.
Околу 500 луѓе се вклучија во протестите во центарот на Вашингтон и ги скршија прозорците на филијала на Банка на Америка, ресторан на Мекдоналдс и објект на Старбакс, јавуваат локалните медиуми.
Демонстрантите носеле знамиња и плакати со натпис „Да ги натераме расистите да стравуваат повторно“.
Полицијата употреби сила за да ги растера демонстрантите.
Противници на Трамп делат во Вашингтон цигари со марихуана незадоволни поради неговото стапување на претседателската функција.