Демонстранти нападнаа министри од владејачката Сириза

Група демонстранти нападнала делегација на владејачката крајно лева коалиција Сириза во која биле министри и пратеници во моментот кога минувале во поворка крај американската амбасада во грчката престолнина Атина, во текот на демонстрациите на годишнината до студентскиот бунт од 1973 година на Политехничкио универзитет.

Грчките медиуми пренесуваат дека во поворката со членови на Сириза биле, генералниот секретар Панос Скуркетис, министерот за дигитални политики, телекомуникации и информации Никос Папас, првиот заменик министер за одбрана Панајотис Ригас, пратениците Анета Кавадија и Тодорис Дрицас, поранешниот заменик министер за финансии Трифон Алексијадис, поранешниот министер за образование Никос Филис и други партиски функционери. Групата лица, очигледно незадоволна од политиките што ги спроведува владата на Алексис Ципрас во која најголемиот коалициски партнер е Сириза, почнала да ги навредува политичарите, фрлајќи шишиња со вода по што дошла до кошкања.

Претходно на делегацијата со министри и пратеници на Сириза не и’ било дозволено да влезе на територијата на Политехничкиот универзитет, за да положи венец по повод одбележувањето на 45-годишнината од студентскиот бунт. Група луѓе, главно студенти, го блокирала влезот на универзитетот кога делегацијата на Сириза се обидувала да мине. Студентите почнале да ги туркаат функционерите на Сириза, ги навредувале и извикувале антивладини слогани.

Бунтот од 1973 година на Политехничкиот универзитет го започна падот на воената хунта која владееше со Грција во периодот од 1967 до 1974 година. Секоја година овие настани на 17-ти номеври од пред речиси половина век масовно се одбележуваат ширум земјата, а во Атина традиционално се одржува поворка покрај амбасадата на САД.

Годинава, според оцените на медиумите, во одбележувањета кои вообичаено завршуваат со протести и судири со полицијата, во Атина учествувале околу 12.000 луѓе, додека полицијата соопшти во својата процена дека станува збор за пет илјади лица.

Во саботата вечерта по завршувањето на протестните собири избувнаа безредија во атинскиот кварт Ексархија, каде што анархисти ја гаѓаат полицијата со камења и шишиња со запаллива течност, на што полицијата одговора со шок-бомби и солзавец. По полициската акција, анархистите вечерва се засолнуваат на територијата на Политехничкиот универзитет, каде што и’ е забране влезот на полицијата. Засега има десетина притворени демонстранти, според полициски извори.

Безредија има и во другите грчки градови. Според порталот naftemporiki, судири меѓу демонстрантите и полциијата има и во Солун во близина на Универзитетот Аристотел. Во Патра по протестната поворка анархистите ги нападнале полицајците и притоа се приведен пет лица. Во Ираклион на островот Крит неппознати по собирот демолирале два банкомата.