Демонстрантите го блокираа влезот во Лувр

Синдикалните демонстранти, огорчени од потегот на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање на Франција без гласање во парламентот, денеска го блокираа влезот на парискиот музеј Лувр.
Помал број демонстранти се собраа пред стаклената пирамида на Лувр и мирно демонстрираа против планот повеќето Французи да се натераат да работат до 64 години за да се балансира пензискиот буџет. „Пензионирајте се на 60 години – работете помалку за да живеете подолго“, пишува на еден транспарент.
Една доза наутро е доволна за да изгубите 18 кг за еден месец!Една доза наутро е доволна за да изгубите 18 кг за еден месец!
Низ дворот на музејот се проби низа разочарани туристи. „Ова е смешно, доаѓаме од целиот свет со нашите деца да го посетиме музејот и смешно е што 20 луѓе го блокираат влезот“, рече Самуел, мексикански турист.
„Навистина разбирам од каде доаѓаат и тоа е сосема фер. Но, сите ние би сакале да ја видиме Мона Лиза, но не е важно“, рече Џејн, посетител од Лондон.