Демонстрантите на масовниот митинг против ископувањето литиум во саботата вечерта го блокираа железничкиот јазол во Прокоп во Белград и железничката станица во Нов Белград, а привремено беше блокиран и автопатот низ главниот град што води кон Ниш и Загреб.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ ги нарече демонстрантите „кукавици и лажговци“ и на социјалната мрежа Х рече дека „бандата се распаднала“ и дека „отворено и монструозно му се закануваат на претседателот (Александар) Вучиќ со смрт“.
„Нема да го исплашите! И нема да дозволиме да ѝ се закануваме на Србија заради лични интереси поддржани од (косовскиот премиер Албин) Курти, усташите и странските служби“, порача српскиот премиер.
Вучиќ претходно изјави дека властите добиле информации од руските безбедносни служби дека, западните разузнавања планираат преку домашни невладини организации и опозициски партии да предизвикаат масовни безредија и државен удар во Србија.
Претседателот на Здружението „Не го даваме Јадар“, земјоделец од регионот каде се планира ископ на литиум, Златко Кокановиќ изјави дека демонстрантите ќе останат цела ноќ.
Возовите кои пристигнуваат во Белград застануваа на приодните станици пред главниот град, а сообраќајот беше запрен на неколку централни улици во Белград.
Во одредени медиуми се појавија информации за наводна подготвеност на полицијата да ги растера протестите, но тоа се покажа како шпекулација и медиумски спин.
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ оцени дека на мирната собир во центарот на градот имало „меѓу 24.000 и 27.000 луѓе“, но дека по средбата организаторите „нарушувајќи го јавниот ред и мир и блокирајќи ја меѓународната сообраќај“, ја загрози безбедноста на граѓаните „по рецепт на обоени револуции“, алудирајќи на киевскиот Мајдан, кога во 2014 гоина беше соборен претседател на Украина, Виктор Јанукович, и укинати правата на руското и рускојазичното население штодоведе до граѓанската војна.
„Против сите сторители на кривични дела и прекршоци ќе бидат поднесени кривични и прекршочни пријави“, најави Дачиќ.
Засега не е јасно колку ќе траат блокадите, како што соопштија организаторите најавувајќи дека во недела ќе бидат блокирани „уште три точки“ во Србија, но не прецизирајќи кога и каде.