Демонстрантите на централниот киевски Плоштад на независноста, синоќа на Бадник остнаа во потполн мрак, имајќи предвид дека власта ги изгасна уличните светла, објавија локалните медиуми.
Светлата беа изгасени и во зградата на Синдикалното здружение на трговци кое служи како седиште на опозицијата како и на останатите згради кои се наоѓаат на Плоштадот на независноста. За да ги осветлат своите шатори и барикади украинските демонстранти користеа генератори кои работат на безнин.
Градските власти на Киев не сакаат да ја коментираат веста за мрак во центарот на градот, но соопштија дека примила голем број на жалби од граѓаните во врска со проблемите предизвикани од масовните протести во центарот на градот.
Луѓето кои живеат во околните згради се жалеле на проблеми во сообраќајот, многу отпад во близина на своите домови.
Повеќе од 10 илјади луѓе вчера се собраа во центарот на Киев на првиот поголем опозициски собир во Новата година. Со ова протестите против оддалечување на Украина од Европската унија влегоа во седмата недела.