На 43-от ден на антивладините протести во Софија ,демонстрантите еден час го блокираа влезот во зградата на Комисијата за борба против корупцијата и незаконски стекнатиот имот.
Тие го блокираа влезот во зградата околу еден час, по што се упатија кон шаторите поставени на мостот Орел. За време на блокадата на зградата, немало конфликт меѓу демонстрантите и полицијата.
Комисијата за борба против корупцијата и незаконски стекнатиот имот соопшти дека блокадата на зградата е спротивна на законот и дека Чакаров одбил да се сретне со Георгиев.
Причината за тоа не е само фактот дека блокадата била нелегална, туку и фотографијата објавена на Интернет, на која активистот е во друштво на Цветан Виселов, сопственик на пропадната банка, кој е во бегство од полицијата од 2016 година, тврди Комисијата.