Демонстрантите во Бангког бараат распуштање на парламентот и уставни измени

Речиси три илјади демонстранти се собраа во саботата во близина на Споменикот на демократијата во центарот на тајландската престолнина повикувајќи ја владата да го распушти парламентот и да преземе измени во сегашната верзија на уставот.

Овој протест беше првата голема политичка акција од укинувањето на повеќето ограничувања воведени во кралството Тајланд поради пандемијата на коронавирусот.

Протестот е организиран од групацијата Слободна младина, пренесува весникот Bangkok Post. Мирниот протесто се одвиваше и покрај вонредната состојба, којашто забранува големи собири до 31-ви јули. На местото на настанот биле распоредени бројни полициски сили, но протестот минал без инциденти.

Организаторите изнеле три барања: распуштање на парламентот, прекин на нападите врз оние кои ја критикуваат владата и воведување амандмани на уставот на земјата за кој критичарите тврдат дека минатата година ѝ ја гарантирал победта на партијата на премиерот Прајат Чан-Оча,

Еден од лидерите на студентското движење, на кое во текот на протестот му се придружиле и други протестни групи, прикриено ја критикувал влијателната тајландска монархија, и покрај законот кој забранува говори против кралот. Таквите алузии порано биле незамисливи, пишува весникот.

Челникот на движењето Слободна младина, Татеп Рјангапараикитсер, во говорот на митингот укажал на неодманешниот случај со египетската воена делегација, кога меѓу некои нејзини членови имало инфицирани со коронавирусот.

„Околу 500.000 од нас ги губат работните места. Епидемијата беше речиси запрена, но владата ги укина забраните и дозволи да влезат (во земјата) заразени вип гости“, рекол.

„Престанете да го гоните народот и рспуштете го Претставничкиот дом (долниот дом на парламентот), бидејќи владата е потполно неспособна. Покрај тоа, го имаме уставот од 2017 година кој ги прошурува овластуивањата на владејачите. Затоа, третата рабоа која треба да ја направиме е да создадеме нов, документ, кој навистина ќе му припаѓа на народот“, заклучил Рјангпрараикицери.

Оранизаторите на митингот најавиле дека ќе останат во текот на ноќта, а медиумите пренесуваат дека постојано им се придружуваат истомисленици.