Антитерористичкиот одред на полицијата безбедно демонтираше експлозивна направа во експрес лонец поставена во напуштено возило во близина на Капитол хил во Вашингтон. Сопственикот на возилото е уапсен.
Ваков тип на бомби беа употребени за време на нападите на маратонот во Бостон во април 2013-та година.
Портпаролката на полицијата поручникот Кимберли Шнајдер изјави дека полициската патрола вчера забележала празно паркирано возило на улица, кај трговскиот центар западно од Капитол хил. Во возилото бил забележан лонецот, а бил детектиран и мирис на бензин.
Таа додаде дека полицијата ги демонтирала сомнителните уреди во возилото, вклучувајќи и лонец под притисок, што предизвикало гласна експлозија.
Фото: Reuters