Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев заработи парична казна во висина од 150 евра од антикорупциска, објави телевизија Сител.
И покрај тврдењата на Ден Дончев во март минатата година дека 3-те милиони денари од австралиска фирма му биле префрлени законски, сепак тој заборавил овие пари да ги пријави и да направи промена на имотната состојба.
Дончев доби прекршочна санкција за непријавување на промена на имотна состојба и му беше одредена казна од 150 евра.
Инаку, лани во медиумите се појави видео на кое се гледа како Ден Дончев од едно лице зема купче со пари и ги става во својта торба. Токму за името на Дончев се поврзуваа повеќе афери, ама истиот не никогаш не оговараше пред лицето на правдта, а не се знае дали се уште се наоѓа во Македонија.