Општина Македонска Каменица организира иселеничка средба „Ден на дијаспората“, која ќе се случи на 12-ти Август 2014 година, на новоизградениот манастирско-туристички комплекс Еленец, во село Цера, Македонска Каменица.
Покрај богатата културно-уметничка програма, настапите на музичката група Модерато и македонската фолк ѕвезда Јордан Митев, Општината и црковниот одбор при манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ ќе подготват скромен оброк за сите посетители. На Денот на дијаспората ќе биде презентиран и краток документарен филм за историското значење на Еленец. Пред иселениците ќе бидат презентирани и инвестициските можности и плановите за развој на Индустриската зона во Македонска Каменица.
Од редовите на каменичани, кои се наоѓаат на привремена или постојана работа во странство ќе биде изберен Прекуграничен одбор, чија цел ќе биде промоција на економските, културните, спортските и образовните можности на Општина Македонска Каменица.