Во Тетово вечер ќе се одржи настан Ден на хрватската култура во организација на Заедница на Хрвати во Република Северна Македонија и инцијативен одбор за формирање на огранок во Тетово. Во рамки на Денот на хрватската култура ќе настапи гитаристот Иван Брадиќ.
-Изведувачот гитарист Иван Брадиќ како претставник на хрватската заедниц од Келн ќе настапи премиерно со цел сет на хрватски балади со цел презентирање на членовите на Заедницата, млади Храти и севкупнаta јавност во Тетово, изјави Невена Костовска, претседател на ЗХРСМ.
Концертот започнува во 20 часот и 30 минути во Дом на АРМ Тетово.