Ден на планетата Земја – да воспоставиме контакт со природата

Денеска се одбележува Денот на планетата Земја. По тој повод ОН ќе се обидат да мобилизираат милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот.

„Повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат, се вели во пораката од свеската организација.

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.

ОН во наредните две години ќе организираат кампања „Зелени градови“, што треба да прерасне во глобално движење.

„Воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и земјата од која расте нашата храна е дел од деликатниот глобален еко систем кој се повеќе е под притисок на човекчките активности. Од уништување на тропските шуми до намалување на рибите во океаните, од недостиг на вода за пиење до забрзаното намалување на растителниот и животнскиот свет, како и загадувањето на воздухот и морињата – се е тоа дело на човечките раце“, вели генералниот секретар Бан Ки-Мун по повод Денот на планетата Земја.

Тој најави дека на 23 септември во Њујорк ќе биде одржан самит на кој шефовите на државите и владите од целиот свет, како и лидерите на приватниот сектор и граѓанското општество ќе мора да донесат заклучоци и стратегија за градење на одржлива иднина.