Ден на жалост во Бугарија поради жртвите во поплавите

За загинатите жртви од поплавите во Бугарија денес е Ден на жалост во општината Бургас. Две жени и еден маж се удавија во потопот.

Во времето на водената стихија, околу 2 часот по полноќ на главниот пат се превртеле уште неколку возилото. Двајца мажи – Николај Кирилов и Николај Градев спасиле неколку човечки животи, кои се давеле во потопените автомобили. Градоначалникот на Бургас, Димитар Николов ќе ги предложи за награда пред Градскиот совет.

Околу 80 населени места во земјата се погодени од неодамнешните поплави. Во голем број општини останува тешката положба.Водата веќе се повлекла од повеќето места на други претстои одводнување. Сеуште има села без струја.

Според првичните податоци штетите во Бургас се за над 1,5 милиони лева , и нема информации од каде дојде водениот бран, која направи вивстински потоп.