Ден на жалост во спомен на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија

Во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија во државава денеска е ден на жалост.

Во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва знамето е истакнато на половина копје.

Одлуката ја донесе вчера Владата, како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција и Сирија, на 6-ти февруари.

Бројот на загинати во земјотресите, заклучно со вчера, достигна над 33.000.