Ден по експлозијата на резервоар во зона на хемиската индустрија во западниот германски град Леверкузен, спасувачките екипи ги загубија надежите дека би можело да пронајдат преживеани, објавија во средата.
„Ние, за жал, мораме да тргнеме од тоа дека пет лица кои се водат како исчезнати нема да ги пронајдеме живи“, изјави директорот на Хемискиот парк во кој се случи експлозијата.
Во моментов официјално се потврдени две жртви и 31 повреден, од кои четворица потешко.
Претставниците на противпожарната служба во индустриската зона во меѓувреме со дронови трагаат по преживеани.
Комапнијата „Currenta“, којашто управува со оваа индустриска зона, соопшти дека сѐ уште не е позната причината за несреќата. Во вторникот утрото покрај постројката за согорување отпад бил запален резервоар со разредувач, а пожарот се проширил и на други резервоари.
Локалното население уште во вторникот веднаш по експлозијата беа предупредени да не ги отвораат прозорците и да не консумираат овошје и зеленчук од градините кои се наоѓаат во ова подрчје, кое се наоѓа северно од Келн.
Покраинската канцеларија за заштита на природната среди во средата изрази стравување дека преку облакот кој се создал по експлозиата во населените области се прошириле отровни сусптанции, како на пример диоксинот. Соопшти дека анализита на количествата отровни материи кои преку чадот и пепелот се пришириле во околината би можело „да потрааат со денови“.