Со проектот „Ден за Вас“ граѓаните ќе можат да се информираат за стажот на осигурување, платата и сите одговори поврзани со првиот и вториот пензиски фонд.
За информациите кои ги интересираат тие треба да се обратат на пунктот кој денеска беше поставен на „Плоштад Македонија“, а потребна им е само личната карта.
Потребните информации ќе ги добиваат од тимот вработени од Министерството за труд и социјална политика, Фондот на ПИОМ и МАПАС.
Овој проект освен во Скопје ќе се реализира и во другите градови ширум земјава.
-Денес го означуваме почетокот на проектот „Ден за Вас“ кој што е дел од програмата на Владата на Р.Македонија и е во насока на подигнување на степенот на информираност на граѓаните за периодот на нивното осигурување, за стажот и за сите отворени прашања, кои што ги имаат од областа на пензиско-инвалидското осигурување заедно МТСП, со Фондот на ПИОМ и МАПАС го започнуваме овој проект и оваа година, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Министерот посочи дека целата на овој проект е преку непосреден однос со граѓаните на јавни места, најчесто на плоштадите да им се доближи админсистрацијата што е можно поблиску, но и сите оние кои се заинтересирани за нивниот стаж на осигурување да добијат соодветна информација на лице место.