„Денес ќе наполнеше 81 година и сигурно ќе ми купеше подарок“ – тажна објава на Игор Џамбазов (ФОТО)

Популарниот актер, шоумен и пејач, Игор Џамбазов сподели доста емотивна објава на социјалните мрежи…

Имено, тој позираше покрај фотографија на неговата мајка, актерката Анче Џамбазова и напиша неколку зборови кои ќе допрат до секој од вас…

„Анче моја.
Денес ќе наполнеше 81 година.
И сигурно ќе ми купеше подарок.
За нејзиниот роденден.
Подарок за неа беше мојата среќа…“

Вака стои во објавата на Игор, а меѓу првите кои искоментираа беше и неговата сестра Тања, која и таа напиша неколку емотивни зборови…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

„Мамица. Не ми се верува дека ќе беа 81. Засекогаш ќе остане млада за мене. Вешта како змеј, љубопитна, неуморна, со искрен интерес да ги разбере другите, а во исто време приватна и ненаметлива со своите маки. До ден денес немам интернализирано дека ја нема“ – напиша Тања.