Се принесува пченица, вино, цреши, а гробот се чисти со оревови гранчиња.
Со сеќавање на починатите, нивните блиски се молат тие да им ги простат гревовите што им ги направиле додека биле живи.
Црквите утрово служат парастос, а потоа верниците ги посетуваат гробовите на најблиските. Се верува дека свеќата запалена на денешен ден гори до следната Задушница, а доколку тоа не се направи, починатите ќе бидат во темница цела година.
Денеска не се работи, чисти, пере, ниту пак се извршуваат полски работи. Задушница е ден за спомен на мртвите и затоа живите треба да им се посветат.
Постојат четири задушници во годината. Летните се споени до Духовден, есенски, пред Велигден и во зима.
Верниците често ги мешаат Задушница и Духовден, кој e во недела. Духовден е денот роденден на Црквата, денот во кој Светиот Дух се симна на апостолите 50 дена по воскресението. На Духовден се случи симнувањето на Светиот Дух, токму според Христовото ветување, и оттогаш Црквата ја започна својата мисија.