Денес и утре променливо и нестабилно време со пороен дожд

Денес и во петок нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од исток, која веќе од пладневниве часови на места условува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови од земјава. Локално можно е врнежите да бидат поинтензивни, соопштуваат од УХМР.

Врнежи ќе има и во вечерните часови кои сепак ќе бидат полокализирани. Преку денот ќе дува умерен североисточен ветер.

И утре времето ќе биде променливо и нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен североисточен ветер. На места можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме.

За време на викендот, во јужните и планински делови се уште ќе има услови за локална појава на краткотран дожд и ретки грмежи.