Денес најсвежо во Грција во последните 46 дена

Со просечна максимална температура од 30,2 степени Целзиусови, денешниот ден во Грција бил најсвеж во последните 46 дена, односно од почетокот на јули, според метеоролошките податоци на Националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишува Метео, мрежата на автоматски метеоролошки станици регистрирала значителен пад на температурата во целата земја, а само четири од 496 активни станици измериле температури над 35 степени, „со што беше регистриран најсвежиот ден во последните 46 дена (од 4-5 јули 2024 година)“.

Температура од над 35 степени во 16.30 часот денеска била измерена на три локации на Пелопонез и во Комотини во североисточниот дел на Грција.