Денес нова тура снег, викендов сонце

снег

Температурата ќе биде од нула до три степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен. Температурата ќе достигне до еден степен.

Утринските температури утре и во среда малку ќе се покачат, а потоа од четврток утринските температури повторно ќе опаѓаат.

За време на викендот ќе има се повеќе сончеви периоди.