Денес облачно и студено време

Времето денеска ќе биде претежно облачно и тивко, по одделни котлини со појава на магла. Кон крајот на денот во јужните делови ќе има услови за слаб дожд.

Максималната температура ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во понеделник ќе биде значително облачно со услови за слаб локален дожд.

Промена на времето се очекува кон крајот на работната недела, кога ќе дува слаб до умерен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд.