Уште во текот на ноќните часови имаше слабеење на бранот и делумно престанок на врежите. Па, денеска времето ќе се задржи променливо облачно.
Попладне се очекуваат локални врнежи од снег кој во котлините долж Повардарието повремено ќе преминува во дожд.
До утре снежната покривка на планините значително ќе се зголеми особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 см нов снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд кои во повисоките делови од попладне повремено ќе преминуваат во снег. Максималната температура ќе достигне 6 степени.