Во југозападните и североисточните делови утре ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.
Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.
Денес променливо облачно и релативно топло
Променливо облачно и релативно топло, во западните и североисточните делови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, а во западните планински делови повремено силен ветер од западен и југозападен правец, на моменти со брзина и до 100 км/час.
Кон крајот на денот и во ноќните часови брзината на ветерот ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.