Променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд не очекува во текот на денешниот ден.
Преку денот врнежите ќе бидат застапени во западните делови а кон крајот на денот и преку ноќта во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Преку денот врнежите ќе бидат застапени во западните делови а кон крајот на денот и преку ноќта во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 15 до 23 степени.
Во скопското подрачје ќе биде променливо облачно со умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната до 17 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат в петок и в сабота.