Безброј пати од антиката до денес, се поставува прашањето: Кој ќе одлучува за македонската иднина, за судбината на македонскиот народ? Дали самите Македонци коишто живеат на својата територија со илјадалетија или, пак, странците чијашто исконска цел им е да владејат со Балканот?
И денес постојат географски определби како што се Мизија, Дакија, Тракија, но, каде се дакијците, мизијците, тракијците? Каде се илирите, хелените? Ги нема, а еве, Македонците постојат. Постојат на истото место кадешто отсекогаш и биле. Постојат како стожер, како бренд, независно од десетиците трансформации на Балканот – како од етнички, политички така и од културен карактер.
Оттука и одговорот на прашањето: НА КОГО МУ ПРЕЧАТ МАКЕДОНЦИТЕ? НА СИТЕ КОИ ГО НЕМАТ АВТЕНТИЧНИОТ ИДЕНТИТЕТ, КОИ ГО СОБИРАТ СВОЈОТ ИДЕНТИТЕТ КАКО КЛОШАРИ ОД ОСТАТОЦИТЕ НА ПОРАНЕШНИ НАРОДИ. МАКЕДОНЦИТЕ ИМ ПРЕЧАТ И НА СИТЕ ПРИВРЕМЕНИ СВЕТСКИ МОЌНИЦИ КОИ САКАЛЕ И КОИ САКААТ ДА ВЛАДЕАТ СО БАЛКАНОТ. ЗАТОА ТИЕ ЈА ИМАЛЕ ИСТА ЦЕЛ: ДА ГИ УНИШТАТ МАКЕДОНЦИТЕ ИЛИ БАРЕМ НИВНОТО МАКЕДОНСКО ИМЕ.
Како прво, ниеден македонски сосед или светски господар не е успеал. Како второ, имале привремени успеси користејќи го македонскиот космополитизам.
Неуништливоста на македонскиот идентитет се должи на:
Прво, на неговата суштина врз основата на синтезата. Синтезата е поврзана со мудроста. На релативно мал простор каков што е Балканот секогаш постоели повеќе племиња. Наместо да се тепаат меѓусебно како на пример тракијците или хелените, македонските племиња одлучиле да создадат етничко јадро на равноправна, синтезна основа. Потоа јадрото се шири, но на ист принцип.
Второ, самодоверба. Самодовербата доаѓа од една страна заради рамноправноста. Ниеден Македонец не бил понижуван од другите, а кралот е прв меѓу еднаквите. Затоа македонското кралство е „договорено кралство“, т.е. постои договор меѓу кралот и народот. Не меѓу кралот и крупните феудалци како во Англија 20 векови подоцна, туку меѓу кралот и народот. Тоа е директна демократија, која денес ја гледаме само во Швајцарија и уште во некоку други земји од светот.
ЗАТОА МАКЕДОНЦИТЕ ЈА ИМАЛЕ САМОДОВЕРБА НА МИСИОНЕРИ ВО СВЕТОТ, КОЈ КАКО И ДЕНЕШНИОТ, ФУНКЦИОНИРАЛ ВРЗ ОСНОВАТА НА НЕРАВЕНСТВОТО, НА ГОСПОДАРСТВОТО ВРЗ ПОДАНИЦИТЕ.
Трето, одговорност. Одговорноста била како пред сопствената совест, така и кон фамилијата, кон народот и кон државата. Со еден збор, индивидуална свест – фамилијарна свест – народна свест – државна свест се è тоа една целина. Не е можно како индивидуа да бидеш едно, во јавноста да правиш друго, а односот кон државата да биде сосема нешто трето. На тој принцип и денес дејствуваат источните народи: индивидуа плус колектив.
Четврто, карактер и достоинство. Тој принцип произлегува од претходните, затоа што ако имаш знање и мудрост, самодоверба и одговорност, не може да бидеш без карактер, без цврст став и спремност да ја одбраниш својата индивидуа, својата фамилија и својот народ.
МАКЕДОНСКИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ СЕКОГАШ СЕ ОБИДУВАЛЕ ДА ГО УНИШТАТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ПРЕКУ УНИШТУВАЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ ВРЗ КОИ Е ИЗГРАДЕН.
Затоа што, секој идентитет вклучува име, јазик, историја, култура, традиции, но МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Е СПЕЦИФИЧЕН. Од историјата ни е познато за многу народи со јазик, култура и традиции кои биле асимилирани, а македонскиот успешно се брани. ЗАТОА УДАРОТ Е ВРЗ ИДЕНТИТЕТСКИТЕ ПРИНЦИПИ. ОБИДИТЕ СЕ ДА СЕ ИЗЕДНАЧИ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СО ДРУГИТЕ ИДЕНТИТЕТИ ОД СОСЕДСТВОТО ИЛИ ОД ПОДАЛЕКУ.
Како тоа:
Прво, удар врз идентитетот преку менување на македонското име. Се пропагира дека народите си ги менуваат своите имиња, па зошто да не го смениме и ние? Само што, како што веќе кажав, кај другите станува збор за собирање на идентитети од разни етноси на една територија. Грчкиот идентитет е збир од идентитети на хелени, ромеи, словени, власи итн. кои во разни периоди живели на денешната грчка територија. Бугарскиот идентитет е збир од идентитети на тракијци, турки, словени итн. И во Македонија живееле повеќе етноси, но сите тие биле и се дел од македонскиот народ врз принципот на космополитизмот, на синтетизмот. На пример, ромеите се одрекували од хелените, воделе војни против словените и ги потиснале власите. Бугарите-турки војували со словените, во поново време ги потиснуваат Турците, Грците, Македонците. Во споредба со сите тие, Македонците не војувале, не асимилирале, туку го апсорбирале највредното од сите на својата територија. Затоа македонското име го содржи идентитетот и одземањето на буква од него, одзема од идентитетот. Притоа го уништува принципот на синтетизмот.
Второ, удар врз македонската самодоверба. Странски и македонски политичари, интелектуалци, новинари зборуваат за Македонците како за мал народ. Поентата е дека мора да бидеме зависни од „големите“, да ги прифаќаме нивните вредности, уцени и притисоци. Само што, македонскиот народ никогаш не бил многуброен. Ни во времето на Александар Македонски, ниту во времето на трите војни со моќниот Рим, ниту во времето на Источната Римска империја (Византија). Меѓутоа, во времето на Александар меѓу 35 и 40 илјади македонски војници ги победувале 20 пати поголемите армии, кое и досега е невидено во светските војни. Неколку столетија во Египет и Сирија управували македонски династии. Во Византија имало две македонски династии и во нивно време е процутот на таа империја.
ВО СВЕТСКАТА ИСТОРИЈА, А УШТЕ ПОМАЛКУ ВО СВЕТСКАТА КУЛТУРА КВАНТИТЕТОТ ИМА МАЛА ВРЕДНОСТ ВО ОДНОС НА КВАЛИТЕТОТ. ПРЕКУ МУДРОСТА НА СИНТЕЗАТА, МАКЕДОНСКИОТ КВАЛИТЕТ НЕМА РАМЕН НА СЕБЕ.
На пример, кон крајот на 19 век во создаденото бугарско кнежество, живееле околу 50 илјади Македонци, а вкупното население било 3,744.283 луѓе. Меѓутоа, во бугарската армија македонските офицери биле 33 отсто, меѓу државните службеници, 43 отсто, меѓу црковните дејци 37 отсто. Излегува дека македонската конкурентна способност била 25 пати поголема во споредба со другото население.
Трето, удар врз македонското чувство за одговорност. Целта е да биде уништена поврзаноста меѓу индивидуата и фамилија од една страна и од друга поврзаноста на фамилија – народ – држава. За првото се пропагираат хомосексуалните односи и еднополови бракови, за второто се бара расцепканост во македонскиот народ преку партискиот систем. Истовремено со расцепканоста, се промовира таканаречено „граѓанско општество“ како непријател на македонската држава.
Чтврто, македонскиот карактер и достоинство се исмејуваат или се прават обиди за поткупување. Македонското име (идентитет) е ставен на тезга и понудите за отказ од него стануват се поголеми, парите за предавство се поголеми и поголеми. Поранешниот претседател Киро Глигоров пишува за грчката понуда преку тогашниот министер за внатрешни работи Фрчковски „дека доколку попуштам околу името, подготвени се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари“. Истиот тој Фрчковски , според Глигоров, заедно со Владо Поповски „Во голем дел тие беа предлагачи на текстот на Уставот“. Обрнете внимание, во текстовите на македонскиот Устав многу пати се спомнуват правата и слободите на македонските граѓани, НО НЕМА НИТУ ЕДЕН ПАРАГРАФ ЗА ОБВРСКИТЕ НА ТИЕ ГРАЃАНИ КОН ДРЖАВАТА. На тој начин, Македонија беше трансформирана во разграден двор каде слободно шетаат од една страна, македонски петтоколонаши, шпиуни и странски платеници, а од друга – македонски политичари во името на индивидуални и фамилијарни интереси кои работат против македонскиот народ и држава.
ДЕНЕС МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА Е ОТВОРЕН ПАЗАР ЗА МАТЕРИЈАЛНИ И СЛУЖБЕНИ ПОЗИЦИИ КАКО И ЗА ЗБОГАТУВАЊЕ.
Се создаде партиска каста, при тоа најактивни и агресивни се малите партии со пајтон луѓе, чии лидери ги користат големите партии како паразити за да си обезбедат аристократска живејачка. Денешниот 64-годишен опозиционер Павле Трајанов на пример, од 25 годишна возраст се е на функција. Во времето на социализмот во МВР, во времето на демократијата како министер од партијата на Топурковски, од 2006 г. до сега како пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ. Не е битна партијата, битно е да биде на државната софра. Другата денешна опозиционерка Лилјана Поповска е пратеник во Собранието од 2002 година до денес. Еднаш како функционер на Либерално-демократската партија преку која станува заменик министер и советник, втор пат преку ДОМ и во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Сега и Трајанов и Поповска се спремат за нови коалиции, доволно е да се најде ракета-носач – доживотно.
Затоа, кога прави коалиции ВМРО-ДПМНЕ мора да знае дека на гласачите им е преку глава од вечни партиски фаци – цицачи. Гласачите барат македонски патриоти на дело, а не такви, на кои „патриотизмот им завршува во нивните џебови“ како велеше Петре М. Андреевски.
Затоа во пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат ставени СИТЕ УСПЕШНИ МИНИСТРИ ОД ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ, НЕЗАВИСНО ОД НАРЕДБИТЕ НА АМЕРИКАНСКИОТ И БРИСЕЛСКИОТ „ЧАДОРИ“ И ОД ВРЕСКАЊЕТО НА ДРЖАВНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ. ПЛАТЕНИЧКИТЕ ЛИСТИ СЕ ПРВИОТ ЗНАК КОЈА ПАРТИЈА Е СПРЕМНА ДА ВОДИ БОРБА ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА.